Премерот Груевски најави ново намалување на цените на лекови и сериозни инвестиции во клинички
Наредната година ќе има уште две намалувања на цените на лековите во март и октомври, најави Премиерот Никола Груевски. Трендот продолжува и во 2016-та.
-Досега имаше осум намалувања на цените на лековите во вкупна вредност од 33 милиони евра, кои наместо во фармацевтските куќи останаа во џебовите на граѓаните, односно на пациентите кои купуваат лекови, изјави Премиерот Никола Груевски.
Во меѓувреме продолжуваат инвестициите во здравството. Клиниката за неврологија дови современ компјутерски томограф. Пациентите нема веќе да се препраќаат на радиоилогија за неопходните снимања. Дијагнозите ќе се поставуваат побрзо и полесно.
Станува збор за инвестиција од 20 милиони денари. Досега на Клиниката имало еднослајсен компјутерски томограф со постара технологија, поради што пациентите оттука биле препраќани на Клиниката за радиологија.
- Овде доаѓаат случаи за кои е многу важно времето, односно дали во првите два-три часа ќе се утврди дијагнозата и ќе се даде соодветната терапија. Се што е подоцна може да предизвика серозни последици, така што секое забрзување при одредување на дијагнозата и давањето терапија може да значи живот. Скратувањето на движењето на пациентите од една до друга клиника заради снимање, односно забрзувањето на овој процес значително ќе помогне во забрзувањето на сите овие процедури, истакна премиерот Никола Груевски кој заедно со министерот за здравство Никола Тодоров присуствуваше на официјалното пуштање во употреба на апаратот.
Инвестиција чини 20 милиони денари. Претходно на Клиниката имаше еден многу стар ваков апарат кој често се расипуваше.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
