-->
-->
Премиерот Мицкоски на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите
-->

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во Скопје, ќе учествува на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите - ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).
Како што соопштуваат од владината прес - служба, средбата ќе се одржи во „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, а по состанокот во 11 часот, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот.
Центарот за извонредност во финансиите (CEF), е водечка регионална институција и доверлив партнер за реформи, која им помага на земјите од Југоисточна и Источна Европа во зајакнувањето на јавните институции, забрзувањето на реформите и унапредувањето на процесот на европска интеграција.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од Собранието најавија итна седница за измените за заштита од насилство штом Владата испрати издвоено мислење
-

Тема на денот со Марта Гусар, адвокат
-

Пензиските друштва го чекаат потенцијалното решение за реформа
-

Комората на вештаци со конкретни резултати по две години од основањето
-

Седница за пратенички прашања
-

Над два милиони евра ќе треба да вратат фирмите за брзи кредити на оштетените потрошувачи
-

Дата центри ќе се градат – Потребна е транспарентност од надлежните да кажат колку ќе трошат струја
