Премиерот Мицкоски учесник на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Скопје ќе се обрати на отворањето на Самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.
На отворањето на самитот воведни обраќања ќе имаат претседавачот на Одборот на директори на „Македонија 2025“, Виктор Мизо, коосновачот на организацијата Мајк Зафировски и извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевска.
Самитот ќе обедини голем број домашни и меѓународни лидери, претставници на бизнис-заедницата, институции и експерти, а во фокусот ќе бидат економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и улогата на дијаспората во развојот на Македонија.
Дополнително, ќе се дискутира и за лидерството, иновациите, иднината на институциите и регионалната соработка.
Синоќа, во пресрет на дводневниот, традиционален Самит на „Македонија 2025“, претседателката Гордана Сиљановска–Давкова организираше прием на кој ги врачи признанијата за придонес на припадниците на дијаспората.
Претседателката им честиташе на годинешните добитници на признанието на „Македонија 2025“, д-р Ичак Калдерон Адижес, Елизабет Наумовски и Антонијо Трпевски, потенцирајќи дека со нивната работа во науката, бизнисот, културата, филантропијата и поддршката на младите оставаат траен белег овде, но и ширум светот, а истовремено се и мотивација за идните генерации.
Признанието во соработка со „Македонија 2025“, се доделува на истакнати личности од дијаспората за нивниот придонес во зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и јакнење на националните и државни интереси и капацитети.
МИА
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
