Македонија
29. May 2025 - 20:49

Премиерот Мицкоски утре во Будимпешта ќе има средба со Орбан и ќе присуствува на СРАС конференцијата

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе престојува во посета на Унгарија, соопшти владината прес-служба.

За време на посетата, Мицкоски ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, а ќе учествува и ќе се обрати на CPAC конференцијата која се смета за најголем и највлијателен собир на конзервативци во светот.