Бизнис
11. March 2026 - 21:19

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените

Трговците да не го користат моментот за да ги зголемат цените, затоа што реални причини за тоа нема. Премиерот Мицкоски по средбата со големите ланци маркети напиша дека државата нема да интервенира на пазарот без причина, но нема ни да стои на страна ако се создаде притисок врз граѓаните без реална основа. Заклучиле дека треба да има фер цени, односно не треба да има нивно зголемување. 

Договорот треба да се почитува, сугерираат експертите, пазарот со нафта се очекува да се стабилизира, така што основ за поскапување – нема.

Искуството до сега покажало дека профитот, а не стандардот на граѓаните, им е поважен на некои маркети, па се користи секој момент за да заработат повеќе. Ако и сега се покаже така – неминовно ќе биде Владата да интервенира

Од оваа недела граѓаните возат поскапо. Иако на берзите цените паднаа и се движат околу 90 долари за барел, со новиот правилник на Регулаторна – пресметките за новите цени ќе ги соопштат следниот понеделник.