Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на социјалната мрежа X, по синоќешниот национален протест на опозицијата, осудувајќи ги актите на насилство и уништување на јавен имот, изразувајќи солидарност со полицајците кои беа повредени за време на судирите.
Рама нагласува дека протестот е демократско право, но организираното насилство нема никаква врска со слободата на изразување.
Додава дека во Европа има демонстранти, анархисти, екологисти, десничарски или левичарски екстремисти, студенти, антиглобалисти, хулигански навивачи, секакви групи кои излегуваат на улиците од свои причини, се маскираат, се вооружуваат со молотови коктели и кршат и горат, повредувајќи полицајци и уништувајќи имот.
-Сега овие протести кај нас, со нечистотијата што ја создаваат на булеварот, наликуваат на уличниот излив на пореметениот старец (Сали Бериша) што ги организира… Незапирлива дегенерација и неутешна очајност. Треба да знаат дека државата не потклекнува пред насилството и вандализмот, напиша Рама, посакувајќи им брзо закрепнување на полициските службеници.
Полицијата во Тирана издаде официјално соопштение во врска со апсењата извршени на протестот и бројот на повредени полицајци.
Според полицијата 18 демонстранти се уапсени, за 17 покрената е кривична постапка меѓу нив организацискиот секретар на ДП, како и тројца пратеници за напад и попречување на службени лица во извршување на должност.
“За време на митингот, 11 полицајци беа повредени, со здобиени изгореници од запаливи средства, но сите се вон животна опасност. Тие се под медицински мониторинг“, се наведува во соопштениете на полицијата.
Во организација на ДП, на Сали Бериша, опозицијата пред владата во Тирана, синоќа, го одржа вториот национален протест, најавен како мирен, но по говорот на Бериша ескалираше со фрлање молотови коктели и пиротехнички средства врз објектот на владата во Тирана.
МИА
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра | ФОТО
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
