Пресврт на СП2026: Јужна Кореја ја совлада Чешка

Во вториот натпревар од воведното коло во Групата А на Светското првенство, фудбалерите на Јужна Кореја ја совладаа Чешка со 2-1 во мексиканскиот град Запопан.
Чешка, која се врати на Светското првенство по пауза од дваесет години, ја издржа доминацијата на Јужна Кореја во првото полувреме, и дојде во водство во 59. минута со голот на Ладислав Крејчи.
Само осум минути подоцна, Јужна Кореја го израмни резултатот со голот на Хванг Ин-Бом.
Чесите постигнаа гол во 77. минута за 2-1, но погодокот на Соучек беше поништен поради офсајд.
Десет минути пред крајот на натпреварот, Јужна Кореја дојде до резултатски пресврт кога Хјвон Гју Ох од непосредна близина го совлада чешкиот голман.
До крајот на натпреварот, Чешка имаше две одлични шанси, но Хложек и Садилек биеја непрецизно.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
