Претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови.
Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во повремен снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 14 степени.
Во текот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и постудено време.
Во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 километри на час.
МИА
Ново на Сител
-

Артан Груби излезе од куќен притвор, но надвор од Скопје нема да може да оди
-

Петтемина обвинители со програми за поефикасна борба против криминалот
-

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската екомонија
-

Горивата и неделава ќе се точат по исти цени
-

Преглед на вестите од светот
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
