Македонија
3. February 2026 - 12:12

Претрес во дом на млад кавадарчанец, одземени предмети под сомнеж дека се од кражби

Претрес бил извршен во дом на млад кавадарчанец, при што одземени биле предмети под сомнеж дека се од кражби, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Денеска, полициски службеници од ОВР - Кавадарци извршиле службен разговор со Б.Б., на возраст од 29 години од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела „кражба“. Одземеното ќе биде вратено на сопствениците, соопштија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биле поднесени соодветни поднесоци. 

МИА