Македонија
9. September 2025 - 13:52

Претреси во објекти на две лица во Гостивар и гостиварско, пронајдена дрога, следува пријава | ФОТО

На 08.09.2025 во 12:00 часот во с.Добридол, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода С.Ј.(38) од Гостивар. При претрес во објект и помошни простории во с.Добридол, кои ги користи, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две поголеми и едно помало пакување со марихуана. 

На 08.09.2025 во 18:00 часот, исто така со судска наредба, бил извршен претрес во домот и други простории кај лицето С.Ш.(42) од Гостивар. При претресот биле пронајдени и одземени 34 пакувања со марихуана. 
С.Ј. била задржана во полициска станица, а се преземаат мерки за пронаоѓање на С.Ш.. По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.