Претреси во Скопје поради сомнение за лихварство и перење пари

Во Скопје денеска се спроведува координирана акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Акцијата опфаќа претреси на повеќе локации и е насочена кон лица осомничени за сериозни кривични дела, меѓу кои лихварство и перење пари.
Од ОЈО ГОКК информираат дека постои основано сомневање за инкриминирани активности, а повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на оперативните активности.
- Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело Лихварство и Перење пари. Повеќе детали ќе бидат споделени со јавноста по завршување на акцијата, велат од Обвинителството.
МИА
Ново на Сител
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
