Македонија
23. јуни 2026 - 16:28

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на свечена церемонија постхумно ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“. Проф.д-р Наде Проева беше македонски историчар-класицист и редовен професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј при Филозофскиот факултет – Катедрата за историја во Скопје од 1984 година до нејзиното редовно пензионирање во 2015 година.

Почина во  Скопје на 6 ноември 2024 година.