Претседателката Сиљановска Давкова го отвори ЕМОФ: Спортот е симбол на единство, култура и надеж

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, вечерва официјално го прогласи за отворен Младинскиот олимписки фестивал (ЕМОФ) 2025, истакнувајќи го значењето на спортот како симбол на единство, култура и надеж.
-Спортот ја манифестира убавата страна на сегашноста и ја гарантира светлата иднина на европскиот спорт, порача претседателката Сиљановска, нагласувајќи дека фестивалот е ретка можност за младите спортисти и гостите да се запознаат со македонската култура.
Според неа, игрите се „симбол на младост и витештво, генератор на заедништво и солидарност, креатор на европски културен и спортски дијалог“.
Таа изрази уверување дека нашата држава ќе се покаже како хуман и достоен домаќин, со страсна спортска публика и им посака успех на сите учесници.
-Продолжете да го развивате олимпискиот дух, да ширите добра волја и пријателство, да праќате пораки за мир, порача претседателката.
Дополнителен акцент на церемонијата даде и Спирос Капралос, претседател на Европските олимписки комитети, кој истакна дека оваа едиција ќе биде запомнета по својата топлина, енергија и дух.
-Следните седум дена, Скопје е вашата сцена каде што можете да стекнете пријателства – вие ја носите енергијата, страста и надежта за она што доаѓа, нагласи тој.
Со дефиле на 50 делегации, во Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечерва започна Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025.
Свечената церемонија го означи почетокот на седумдневен спортски и културен спектакл кој ќе ги обедини младите спортисти од цела Европа во духот на фер-плеј, солидарност и пријателство.
ЕМОФ Скопје 2025 ќе вклучува натпревари во 15 спортски дисциплини: атлетика, пливање, кошарка, баскет 3x3, ракомет, одбојка, џудо, спортска гимнастика, друмски велосипедизам, маунтајн бајк, кајак слалом, бадминтон, стрелаштво, пинг-понг и таеквондо.
Натпреварите ќе се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово, додека натпреварите во спортска гимнастика ќе се одржат во Осиек, Хрватска, во соработка со Европскиот и Хрватскиот олимписки комитет. Се очекува учество на повеќе од 4.000 млади спортисти, тренери, спортски официјални лица и тимски претставници, како и стотици новинари, волонтери и гости. Македонија годинава ќе биде претставена со рекорден број на спортисти кои ќе учествуваат во сите спортови.
МИА
Ново на Сител
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
-

Чекор кон развој на современа реконструктивна микрохирургија - на Клиниката за пластична хирургија извршени две сложени микрохируршки операции
-

Сиљановска - Давкова: Од успешноста на правосудните реформи ќе зависи дали нашето судство ќе има сила да каже „не“ кога политиката ќе му каже „да“
-

Трамп: Мора да го имаме Гренланд за безбедноста на САД
