Претседателот на иранскиот парламент го обвини Трамп дека „слепо ги следи наредбите“ на Нетанјаху

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „слепо ги следи наредбите“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека целиот регион може да биде вовлечен во поширок конфликт.
Во објава на социјалните мрежи Галибаф истакна дека, како што рече, непромислените потези на Вашингтон ги туркаат САД кон сериозна криза, со потенцијално тешки последици за регионот.
„Целиот наш регион ќе гори доколку продолжите со оваа политика“, наведе тој, алудирајќи на американската поддршка на Израел.
Иранскиот функционер додаде дека единствено решение е почитување на правата на иранскиот народ и прекин на, како што ја нарече, „опасната воена игра“.
Тензиите се зголемија откако САД и Израел на 28 февруари започнаа напади врз Иран, што дополнително ја влоши безбедносната состојба на Блискиот Исток.
Ново на Сител
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
-

Скопје ќе се украси до 15 декември – елка од 13 метри и новогодишни декорации за околу 73.000 евра
-

Македонските „Тигри“ меѓу десетте најдобри на меѓународен снајперски натпревар во Турција | ФОТО
-

ЕУ отвори истрага против Booking.com поради лажни огласи и измами – се заканува казна до 6% од глобалниот промет
-

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ
-

„Џејмс Бонд“ оди на аукција
-

На бегалката Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство
