Македонија
15. July 2021 - 16:51

Претседателот на Кривичниот суд: Граѓаните нудат мито, медиумите молчат

Медиумите се виновни за лошата перцепција дека судството било корумпирано обвини претседателот на Кривичен суд. Според Џолев корумпирани се самите граѓани, кои лично нему му нуделе мито и бакшиш за да им реши некој предмет. Тој истакна дека ова граѓаните го правеле кај многу судии кои тој ги познава. На јавната дебата во организација на ДКСК, Џолев побара јавна пофалба за судството за бројот на предмети кои ги завршиле и тоа во време на пандемија.

Анализата на ДКСК покажува дека токму во судството граѓаните имаат најмалку доверба. Дури 20 проценти од претставките од изминатата година се однесуваат на правосудството.

Министерот за правда оцени дека новата методологија за проверка на работата во судството донела позитивни резултати, вкупно 16 судии до сега се разрешенино според Маричиќ проверките треба да продолжат. Тој истакна дека се донесени законските измени кои се во насока на засилена и ефикасна борба против корупцијата и криминалот.

Секторот правосудство е издвоен како посебен со многу висок ризик од корупцијата во Националата стратегија за борба против корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 на ДКСК.