Превентивни активности за безбедно патување во летни услови

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ денеска на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ во соработка со волонтери од Црвениот крст на РСМ спроведоа превентивна акција за безбедното патување во летни услови.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи полициските службеници им укажувале на патниците при влез во земјава за потребата од внимателно и одговорно возење и со оглед на високите дневни температури пожелно одмарање во насока на избегнување на влијанието на температурите како ризик од можни сообраќајни несреќи. Заедно со волонтерите од Црвениот крст покрај совети на патниците им делеле вода како и едукативни повеќејазични летоци со информативни содржини инаку подготвени од РЦ за ГР „Југ“.
-Ваквите и слични активности ќе продолжат и во наредниот период дотолку повеќе што се очекува натамошно зголемување на фрекфентноста на сообраќајот преку граничните премини, информираат од МВР.
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
