-->
-->
При обид да одглави заглавена сајла на кран 48-годишен работник загина во Тетово
-->

СВР Тетово информира дека вчера околу 17 часот e пријавено дека при градежни работи во гостиварски Градец, починал 48 годишник од Тетово. Случајот бил пријавен во Полициското одделение Галате.
- Било пријавено дека во гостиварското село Градец, при изведување градежни работи на приватна куќа, починал И.А.(48) од Тетово. Според пријавеното, при обид да одглави заглавена сајла на кран, дошло до пукање на метален дел од конструкцијата кој го удрил И.А. во пределот на главата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар, соопшти СВР Тетово.
По наредба на обвинител, телото е дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
-

Потпишан меморандум за соработка
-

Прв академски час на УГД - обpаќање на премиерот до бруцошите
-

Прв академски час на АУЕ-ФОН
-

Прв академски час, но и први студентски предизвици
