Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
Центарот за јавно здравје Куманово (ЦЈЗ) соопшти дека вчера е пријавена епидемија на труење со храна кај шест лица кои присуствувале на семинар-обука на 11 септември во ресторан во Куманово.
Од вкупно 36 учесници на семинарот, шест лица развиле симптоми на труење со храна – повраќање, дијареја, треска, температура до 41 степен, болки и грчеви во стомак. Двајца од нив се хоспитализирани, тројца се на дневна болница, а еден е на домашно лекување.
-Вчера, Одделение за епидемиологија при ЦЈЗ Куманово пријави епидемија на „алиментарна токсоинфекција“ за шест пријавени - заболени со знаци на труење со храна од вкупно 36 експонирани лица. Се работи за учесници на семинар-обука организирана од една фирма во еден ресторан во Куманово. По консумирање на храната во надворешниот простор на гостилницата во вечерните часови на 11-ти септември годинава, заболените симптомите на труење со храна ги развивале по четири, па сè до 16 часа со обилни повраќања, зачестени водникави столици на секои 10,15 или 20 минути, малаксаност, температура до 41 степен, треска, болки и грчеви во стомак, главоболка, соопштија од ЦЈЗ Куманово.
Епидемиолог на ЦЈЗ Куманово и подрачните единици Куманово на ДСЗИ и АХВ на 15-септември, годинава по добивање на првите пријави за заболени со знаци на труење со храна направиле координиран надзор во гостилницата и зеле брисови и мостри храна за микробиолошко испитување.
-Преземени се сите хигиено-епидемиолошки соодветни противепидемиски мерки. Објектот е затворен до добивање на негативни резултати на испитуваните материјали, соопштија од ЦЈЗ Куманово.
Епидемиолошката состојба се следи.
МИА
Ново на Сител
-
Во уште една земја-членка на НАТО пронајдени остатоци од руски дрон
-
Пријавена епидемија на труење со храна во Куманово
-
Притвор од 30 дена за првосомничениот за пожарот во Трубарево, останатите тројца во куќен притвор
-
Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички
-
Полицајци со калашникови во прилепската болница откако две групи се обиделе да се пресметаат | ВИДЕО
-
Под неисправно возило во Дебар пронајдено оружје и муниција
-
На Неврохирургија првпат применета интраоперативна флуоресцентна видеоангиографија при хируршки третман на мозочна аневризма
-
Во Гостивар приведена 19-годишна турчинка, поседувала предмети со остатоци од марихуана и други наркотици | ФОТО