Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
Во Скопје вчера биле пријавени два одделни случаи на меѓуврсничко насилство. Првиот случај го пријавила мајката на 14-годиишно девојче, дека подолг временски период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината ќерка.
Вториот случај го пријавил таткото на малолетно момче, кое физички било нападнато од неколку негови соученици.
Скопјанка пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била следена од три врснички, и добила закани од истите.
-На 26.09.2025 во 13:30 часот во СВР Скопје, С.П.(44) од Скопје пријавила дека подолг период три малолетнички ја следеле, вознемирувале и упатувале закани на најзината 14-годишна ќерка, додека на 24.09.2025 ѝ упатиле закани преку мобилна апликација, стои во денешниот полициски билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за рачистување на случајот.
На 26.09.2025 во 13:45 часот во СВР Скопје, Т.Т.(57) од Скопје пријавил дека на 25.09.2025 околу 11:30 часот во спортска сала од основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку негови соученици.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-
Министерот Љутков на трибина во Крушево по повод Светскиот ден на туризмот
-
Претежно облачно, посвежо со врнежи од дожд
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава