Македонија
11. November 2026 - 13:39

Пријавено вознемирување во автобус во Скопје, жртвата е 20-годишна девојка

Дваесетгодишна девојка пријавила во СВР Скопје дека била вознемирувана во автобус на подрачјето на општина Аеродром.

Според пријавата, настанот се случил на 10 ноември 2026 година, околу 17:05 часот, кога едно лице ја допирало по телото додека се наоѓала во автобус.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Ново на Сител