Пријави за поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили по невремето во скопско и тетовско

Пријави за поплавени дворови, подруми, куќи, паднати дрвја, бандери, лимови и оштетени автомобили се добиени на Единствениот број за итни случаи по невремето што попладнето и во текот на вечерта ги зафати тетовско, скопско и кумановско.
Од Центарот за управување со кризи вечерва информираа дека во Скопје има пријава за лимен кров кој претставува опасност да падне на улицата „23 Октомври“ спроти зградата број 15, а поради паднато дрво кај клучката Радишани кон Бутел сообраќајот е прекинат.
Во 20:30 часот добиена е пријава за откачен олук на булеварот „АСНОМ“ бр.12 за што е известена единицата на локална самоуправа Аеродром, а има и пријава за поплавен подрум на улицата 84
Во тетовско има пријава за поплавена куќа од која се прават обиди со пумпи да се испумпа водата.
Претходно, ЦУК повикувајќи се на информации од РЦУК Тетово, информираше дека се добиени податоци за блокиран пат од Селце кон Вејце на Шар Планина, непрооден дел од булеварот „Благоја Тоска“ кај тетовската Касарна каде има заглавено возило, како и за поплавени куќи.
Пријава до ЦУК е стигната и за поплавена куќа на улицата „Народна револуција“ во Куманово.
Невремето беше предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Почна од тетовскиот регион кон Скопје. Околу Скопската котлина и Куманово имаше неколку развиени јадра на невремето, различни по интензитетот.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
