Принцот Хари ја изгуби правната битка со британската влада околу полициска заштита
Принцот Хари денеска изгуби правен спор против промените во полициската заштита што ги донесе британската влада откако одлучи да се повлече од кралските должности со својата сопруга Меган, која е Американка.
Хари, помладиот син на кралот Чарлс, се обиде да ја поништи одлуката на Министерството за внатрешни работи кое во февруари 2020 година одлучи дека нема автоматски да добива лично полициско обезбедување додека е во Британија.
Минатата година судот во Лондон пресуди дека одлуката е законска, како и тројца судии на Апелациониот суд кои рекоа дека, иако Хари разбирливо се чувствувал оштетен, одлуката не претставува правна грешка.
Хари (40) живее во Калифорнија со Меган и нивните две деца.
Неговите адвокати рекоа дека неодамна Ал Каеда му се заканувала со убиство и оти тој и Меган биле вмешани во опасна автомобилска потера со папараци во Њујорк во 2023 година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница