Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби мајката во Росоман, одобрен е вечерва од судија на претходна постапка, потврдија за МИА од кавадаречкиот суд, откако Обвинителството предложи притвор.
- Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.
Притоа појаснија дека осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со детали: 27-годишникот што ја уби својата мајка сам се пријавил во полиција
-

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
