Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег

Утрово е најстудено на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 9 степени се измерени во Гевгелија, информира УХМР.
На Попова Шапка има и 59 сантиметри снег.
До 08:30 часот се измерени и -2 степена во Mаврови Анови, -1 во Битола и Претор, 0 во Тетово, Прилеп, Охрид и Kрушево, 2 во Берово, 4 во Крива Паланка и Виница, 5 во Куманово, 6 во Штип, Велес и Струмица, 7 во Скопје-Петровец, Демир Капија и Кавадарци, како и 8 степени во Скопје-Зајчев Рид.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
