Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
Педесет и петгодишен жител од скопското село Студеничани, вчера во 01:00 часот пријавил дека претходниот ден околу 20:00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.
Како што соопшти денеска МВР, на нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.
-Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. (55) се констатирани тешки телесни повреди - убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување. Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19 од КЗ на РСМ. По насоки на Јавен обвинител за малолетници со оглед дека се работи за кривично дело убиство во обид, 16 годишниот малолетникот е лишен од слобода во Полициска станица Драчево по што му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Лицето е предадено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд