Македонија
14. February 2026 - 16:31
Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
Приватна институција дополнително ќе утврдува кои се причините за заматеноста на водата во Струга. Стружани сеуште немаат чиста вода за пиење а градоначалникот Ќура уверува дека се преземаат сите мерки од страна на надлежните институции и се надева дека за неколку дена ќе се реши овој горлив проблем кој во градот го има со години наназад.
Според Блинков од инспекторатот за животна средина секое загадување на питка вода е опасно.
Иако според последните анализи на Центарот за Јавно здравје заматеноста се намалuва сепак сеуште трае забраната за користење на водата од градскиот водовод во Струга.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
