Македонија
19. January 2026 - 12:58

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети

На 18.01.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Р.(26) од Куманово.

Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.