-->
-->
Приведен 39-годишен германец на ГП Табановце, кај него е најдена дрога
-->
Лишен од слобода германски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него е пронајдена бела прашкаста материја
На 25.09.2025 околу 12:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.М.С.(39) од Сојузна Република Германија. При гранични проверки и контрола во возилото „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, кое го управувал, во неговиот личен багаж е пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат