Македонија
8. July 2026 - 19:51

Приведен 40 годишник од Пробиштип кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари.

За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе  биде поднесена соодветна пријава.