Македонија
4. November 2026 - 13:38

Насилство во автобус во Драчево: 27-годишник нападнал патници, возач и полицајци, оштетил и возило

На 3 ноември во скопската населба Драчево бил приведен 27-годишен скопјанец по пријава за физички напад врз неколку патници во автобус.

Според пријавата, тој физички го нападнал и возачот на автобусот, на кого се обидел да му го одземе и мобилниот телефон. По излегувањето од автобусот, продолжил со насилното однесување, при што оштетил и патничко возило.

Инцидентот продолжил и по пристигнувањето на полицијата, кога осомничениот физички нападнал и полициски службеници.

А.М. (27) бил лишен од слобода во 18:20 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.