Македонија
20. јуни 2026 - 14:14

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка

На 19.06.2026 година во 16:00 часот, во СВР Штип, по наредба на јавен обвинител, било задржано лицето С.М.(67) од Штип.

Претходно, 48-годишна жена пријавила дека на 18.06.2026 година нејзината 16-годишна ќерка, додека се движела покрај реката Брегалница во Штип, според пријавеното била пресретната од машко лице кое најпрво започнало разговор со неа, а потоа се обидело да ја бакне.

По преземени мерки и активности С.М. бил приведен и задржан во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ново на Сител