Македонија
18. February 2026 - 13:30

Приведен државјанин на САД во Тиквешко, одбил да приложи лична идентификација и нападнал полицајци

На 18.02.2026 во 02:00 часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.С.(36) од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.С., кој дал на увид сообраќајна дозвола и возачка дозвола, но одбил да приложи документ за лична идентификација, по што физички ги нападнал полициските службеници кои вршеле службени дејствија, соопшти МВР.

За настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.