Македонија
28. јуни 2025 - 18:14

Приведен кавадарчанец осомничен за кражба

Кавадарчанец бил приведен поради сомнеж дека одземал предмети зад угостителски објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Вчера во 3:50 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци приведоа 41-годишен кавадарчанец. Тој се сомничи дека одземал предмети, што биле оставени позади угостителски објект во Кавадарци. Предметите се пронајдени кај него и вратени на сопственикот, соопштија од СВР - Велес. 

Оттаму посочија дека рано утрово во 00:02 часот во ОВР - Кавадарци, 47-годишен росоманец, пријавил дека во Росоман, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.