Македонија
30. December 2022 - 8:57

Приведен криминалец баран со потерница за доиздржување казна затвор

На 29.12.2022 во 17.00 часот во с.Бузалково, велешко, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.А.(30) од с.Бузалково.

Тој бил осуден на казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, а бил баран со потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување една година и два месеци од казната.

Лицето било спроведено во установата доиздржување на казната.