-->
-->
Приведен маж кој демнел и се заканувал на сопругата со која се во бракоразводна постапка
-->

На 10.06.2026 во 16:35 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.М.(49) од гостиварско село, соопшти МВР.
Тој бил баран поради основано сомнение дека не го почитувал решението од Центарот за социјални работи Тетово за сретнување со децата, постојано доаѓал пред нејзиниот стан, упатувал закани преку телефонски пораки, ја омаловажувал и во континуитет ја демнел неговата 38-годишна сопруга од Албанија со привремен престој во Тетово, со која се во бракоразводна постапка. Ј.М. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Што да се очекува од посетата на Урсула фон дер Лајен во Скопје?
-

Тема на денот со Иван Живковски, директор на Агенција за катастар
-

Нов обид за договор за Изборниот законик – Правда најавува средби со партиите
-

Одбележан Денот на демократија во Парламентот
-

Одбрана можна локација за државниот дата-центар
-

Одбраната: Соѕиданите пари се на таткото на Ѓоко Ристов
-

Нова кривична пријава за Стевчо Јакимовски
