-->
-->
Приведен скопјанец во Кучевиште, превезувал огревни дрва без документација и возел без дозвола
-->

На 05.11.2026 околу 19:00 часот, во село Кучевиште, скопско полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко моторно возило „сузуки“, управувано од М.К.(37) од Скопје во кое се превезувале огревни дрва без соодветна документација за нивното потекло и транспорт. М.К. е приведен по член 104 став 11 од Закон за Шуми и спроведен во Полициска станица за понатамошна постапка.

Известена е Шумската полиција за преземање понатамошни мерки и активности.

Дополнително, при извршените проверки било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола. Известен е надлежен јавен обвинител и по чии насоки против лицето да биде поднесена кривична пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
