Македонија
13. September 2025 - 22:10

Приведен управителот, управувачкиот комитет за кризи заседава во МВР

Управителот и сопственик на фабриката во Трубарево, каде попладнево избувна големиот пожар е приведен во полцииска станица, дознава Сител од извори во истрагата. Според информации од истражните органи по случајот ќе се постапува според насоките од јавен обвинител. 
 
Вечерва во МВР заседава и управувачкиот комитет за справување со кризи во проширен состав. Во комитетот покрај директорите на ДЗС и ЦУК се вклучени и министрите за внатрешни работи, здравство и одбрана. За деталите од состанокот и донесените одлуки јавноста ќе биде информирано на прес конференција вечерва.