Приведена 65-годишна штипјанка, го принудувала внукот да питачи во Дебар
Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи лишиле од слобода жителка на Штип, која малолетниот внук го принудувала да питачи во Дебар.
- Вчера во 12.15 часот, полициски службеници, ја лишија од слобода Д.Д. (57) од Штип која претходно го присилила нејзиниот малолетен внук да питачи на главната улица „Елена Ѓика“ во Дебар. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Дебар, адвокат за малолетничка деликвенција и на неговата мајка Н.М., со малолетникот е извршен разговор, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него по консултација со јавен обвинител против Д.Д. и Н.М. ќе биде поднесена кривична пријава по член 201 од Кривичниот законик - „запуштање и малтретирање дете“.
Појавата на питачење по улиците на Дебар е честа појава, посебно пред и за време на верски празници, како и во летниот период кога во родниот крај масовно престојуваат печалбарите. Питачи, и деца и возрасни, најмногу се од Прилеп, Гостивар и Велес.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата