Приведени 15 возачи за безобѕирно возење

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата, полициските службеници лишиле од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти денеска МВР.
-Во текот на изминатото деноноќие (03/04.04.2026) на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 10 лица возеле без возачка дозвола во Скопје, на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката за с. Групчин, во Гостивар, Кочани и Кичево. Четворица возачи управувале возило под дејство на алкохол во Скопје, Кавадарци и Македонска Каменица, a еден возач во Кичево управувал возило со забрана за управување возило од Б категорија, се наведува во соопштението.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
