Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол

Лишени биле од слобода двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот со 1,52 промили алкохол во крвта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 23:50 часот на улицата „Мито Хаџи Василев Јасмин“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишија од слобода Н.М., на возраст од 38 години од овој град. При сообраќајна контрола, тие сопреле товарно возило „мазда“ со кавадаречки регистарски ознаки, што тој го управувал и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување - појаснија од СВР - Велес.
Претходно, во 19:15 часот на улицата „Западен булевар“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР - Кавадарци го лишиле од слобода С.С., на 67-годишна возраст од овој град.
- При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,52 промили алкохол во крвта - соопштија од СВР - Велес.
Оттаму информираа дека по насоки од јавен обвинител, двајцата биле приведени во полициска станица, возилата биле привремено одземени и по документирање на настаните, против нив ќе биле поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
