Приведени двајца српски државјани, возеле со брзина од 169км/ч и 175км/ч на место каде дозволената брзина е 80км/ч

На 18.10.2026 во 19:05 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.З.(36) од Србија.
При проверка на патничко возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, кое го управувала, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека била евидентирана како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Имено, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија - Гевгелија, го управувала возилото со брзина од 169 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
На 18.10.2026 во 22:45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода В.Ж..(58) од Србија.
При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Имено, претходно на автопатот А1, делница тунели Демир Капија - Гевгелија, го управувал возилото со брзина од 175 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е 80 километри на час.
Тие биле спроведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
