Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид

Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против К.М.(36) и С.Б.П.(22) двајцата од Турција поради постоење основи на сомнение дека со уште едно лице исто така од Турција извршиле кривично дело „убиство во обид“ по член 123 вв член 19 од Kривичниот законик.
Имено истите во стан на подрачјето во Карпош физички ги нападнале и со остар предмет им нанеле повреди на две лица од Турција на возраст од 26-години, а во станот биле и две женски лица, a потоа пријавените се дале во бегство.
По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Скопје двете лица се пронајдени и лишени од слобода на ул.„Јадранска Магистрала“ во Скопје, а се преземаат мерки за пронаоѓање и на третото лице.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
