Приведени двајца возачи од Охрид и Кичево управувале мотоцикл и возило со 2,36 и 1,75 промили алкохол во крвта
На 10.09.2025 во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
На 10.09.2025 во 19:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.А..(48) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, извршен на улица „11 Септември “ во Кичево, полициските службеници сопреле моторно возило „рено“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по извршено алкотестирање констатирано е дека го управува под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,75 промили алкохол во крвта.
Тие се исклучени од сообраќај и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.
Ново на Сител
-
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
-
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации
-
Кремљ веќе нема да коментира за упадот на беспилотните летала во Полска