Приведени две лица на Табановце – едното за шверц на дрога, другото за фалсификувана возачка дозвола
Вчера ( 30.07.) околу 09:30 часот од страна на полициски службеници од ГП „Табановце“ при влез во РСМ лишен од слобода е Х.О. (22) полски државјанин кој што со патничко возило „Рено меган“ со полски национални ознаки сакал да оствари влез во нашата земја. Лицето е приведено затоа што при дополнителна контрола врз возилото во истото била пронајдена пластична тегла со опојна дрога – марихуана, како и една дробилка. Пронајдената дрога со потврда за одземени предмети е одземена од лицето кое што е предадено на полициски службеници пшри СВР Куманово за понатамошна постапка согласно член 215 од КЗ на РСМ, соопшти МВР.
На истиот граничен премин вчера околу 17:25 часот од слобода е лишено и лицето В.А. (39) српски државјанин при обид за влез во државава со мопед марка „Aprillia RSV4“ со швајцарска национална ознака. При гранична контрола лицето на увид приложило швајцарска возачка дозвола на негово име за која што по дополнителна контрола со помош на претставници на „Фронтекс“ било констатирано дека е целосен фалсификат. По консултација со надлежен ОЈО В.А. поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело - „фалсификување исправа“ - по член 378 став 1 од КЗ, е лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале
-
Обвинение за бесправно градење во Битола
-
Зеленски: Украина е подготвена за мировен самит доколку Русија покаже сериозност и волја
-
Косово ги укина царините за стоки од САД
-
Муцунски ја поздрави одлуката на САД за намалување на тарифите за македонските производи
-
Сиљановска-Давкова: Безбедносната состојба е стабилна и под контрола
-
УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
-
Димитриевски: На средината од август ќе бидат познати деталите од коалициските преговори со ВМРО-ДПМНЕ