Македонија
13. December 2025 - 10:47

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО

На 12.12.2025 година во 19:55 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје во координација со ОКП при БЈБ ги лишија од слобода М.М. (36) и 29 годишната К.М.,двајцата од Скопје.

По претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на К.М. на подрачјето на Карпош, при што се пронајдени и одземени амфетамин, екстази, марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.