Приведени две лица во Валандово за управување возило под дејство на алкохол и за поседување дрога

Ноќеска (13.11.2025) во 00:08 часот на ул.„Првомајска“ во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово ги лишија од слобода Т.П.(32) и Р.А.(28), двајцата од с.Миравци, гевгелиско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел корса“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.П., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,78 промили алкохол во крвта. Додека, при преглед во возилото, во кое сопатник бил Р.А., е пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, против Т.П. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, а против двајцата ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
