-->
-->
Приведени кавадарчани за непочитување полициски наредби на фудбалски натпревар
-->

Кавадарчани биле приведени за непочитување наредби од полицајци на фудбалски натпревар, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Вчерa во 18.10 часот и во 18.15 часот, на Градскиот стадион во Кавадарци, полициски службеници од СВР - Велес ги привеле И.П.(34) и Д.И.(28), двајцата од Кавадарци, затоа што за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ГФК Тиквеш од Кавадарци и ФК Вардар од Скопје, не ги почитувале наредбите дадени од полициски службеници, се наведува во соопштението.
По документирање на настанот, како што велат од СВР Велес, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
