-->
-->
Приведени пет лица од Турција на македонско–грчката граница, оствариле нелегален влез во државата
-->
На 25.06.2025 во 16.00 часот на македонско–грчката граница, полициски службеници ги привеле А.М.(45), А.Ф.(45), А.М.(19) и 14-годишник, сите од Турција, затоа што при извршена контрола е констатирано дека оствариле нелегален влез во државата.
Лицата се сместени во Прифатно-транзитен центар Винојуг, за понатамошна постапка, по што ќе следува соодветна пријава. Исто така, М.А.(29) од Сирија е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 402 ст.2 од Кривичниот законик и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис