Приведени пет лица во село Брвеница, пронајдено оружје и дрога

На 28.01.2026 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба.

При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Кај Д.П.(69) се пронајдени и одземени пиштол кој го поседувал без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол кои ги поседувал со дозвола. Кај Д.П.(65) се пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31640 евра, 3400 швајцарски франци и 56500 денари. Кај С.З.(42) е пронајдена бела прашкаста материја.

Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Рама: Одборот за мир би можел да ги „размрда“ ОН на акција
-

Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Мојата чанта вреди 944 денари
-

Јаневска: Прифатливи се аргументирани забелешки за законот за високо образование
-

Метален профил усмрти 23-годишен работник од Велес на објект во изградба
-

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра
-

Продолжува претресот во домот на поранешниот британски принц Ендрју по обвиненијата за поврзаност со Епстин
-

Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина
-

Синдикалната потрошувачка кошничка во февруари зголемена за речиси илјада денари во однос на јануари
