Мицкоски ја дискфалификуваше Ристовска
Уште пред да го добие извештајот Премиерот ја дисквалификуваше екс обвинителката на СЈО Ленче Ристовска која покажа амбиции да стане нов републички јавен обвинител.
Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат, порача Обвинителката Ристовска во писмено соопштение.
„Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“ – напиша Ристоска во својата реакција.
Во нејзина одбрана застана СДСМ.
„Иако Ристовска доби максимални 10 од 10 поени од Советот на јавни обвинители и позитивна оценка за својата професионалност и стручност. Мицкоски сам одлучува дека таа „не е во игра“, во живо, на телевизија. Независен јавен обвинител не му одговара на Мицкоски затоа што не може да го контролира. Професионалец со интегритет не му се вклопува во концептот.“ – порачаа од СДСМ.
Ристоска да престане да лобира кај функционери од ВМРО-ДПМНЕ, реагираа од владејчката партија.
“Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми.“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
По исклучувањето на Ристовска во игра за нов републички јавен обвинител остануваат обвинителите Топалова Исајлоска и Раичевиќ како и судијата Савески. Од овие три имиња владата треба да избере едно и да му го предложи на Собранието за гласање.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
